четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: Активностите за уредување на детските игралишта на територија на Општина Охрид продолжуваат

Деновиве се изведуваа градежни активности за уредување на детското игралиште на улицата „Јане Сандански“.
Детското игралиште веќе е оградено и се постави бетонска подлога, врз која ќе биде поставена мека подлога. После тоа следува поставување на детските реквизити, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.