АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Аврамовска: Не ги обвинуваме полициските службеници, но го обвинуваме министерот Спасовски кој на секако начин гледа да не заплаши

Додека активистите на Црвена младина – подмладокот на Левица ги работеле своите активности во просториите влегле двајца Униформирани полициски службеници, објавија денеска од партијата. Членот на Левица и советник од оваа партија во советот на општина Охрид Виолета Аврамовска за Охрид 1, вели дека полициските службеници не носеле налог. Таа додава дека  прашањата кои ги упатиле до присутниот член од младината биле за протестите кои веќе цела недела се организираат во Охрид, со цел како што вели  да ги разбудиме охриѓани и да го крениме гласот против бугаризацијата на Македонија и против бришење на македонскиот идентитет.

„Ние продолжуваме. Не ги обвинуваме полициските службеници, тие се однесувале коректно и љубезно, но го обвинуваме министерот Оливер Спасовски кој на секако начин гледа да не заплаши. Но, му порачувам уште еднаш, ние нема да се исплашиме и ќе продолжиме со нашите активности“, вели Аврамовска.

Ааврамоска додава ека не само што не се плашат туку и ја информираат полицијата и министерот Оливер Спасовски  дека протестите продолжуваат.

„Секоја вечер во 19 часот сме и ќе бидеме на Охридскиот плоштад и ги повикувам граѓаните помасовно да се приклучат отколку вчера, а ќе продолжиме до конечна победа на македонскиот народ. Ова го чувствуваме како притисок ДА, признавам дека членот на Црвена Младина се исплашил, е притисок но нема да не заплашат, ќе се бориме до крај со сите наши сили за нашата Асномска Република Македонија“, додава Аврамовска.

извор: Охрид 1

видео: Охрид 1