АктуелноОхрид

Во пресрет на новата учебна година, Ј.П.,,Охридски Комуналец” со активности за чисти училишни дворови

🧑‍🤝‍🧑 Во пресрет на новата учебна година, Ј.П.,,Охридски Комуналец” со активности за чисти училишни дворови👭

✔️ Деновиве се реализираат интензивни активности за машинско и рачно миење и метење на пристапните патишта, школските дворови и околниот простор во повеќето училишта во градот и приградските населби

✔️ Со активностите продолжуваме и во текот на денешниов ден, а истите се реализираат во координација со Одделението за образование при локалната самоуправа

✔️ На учениците, а посебно на првачињата, им посакуваме среќен почеток и успешна учебна година, успешно едуцирање во заштита на животната средина, правилно рециклирање на отпадот и стекнувајќи еко-свест од најмали нозе