АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Според анкетата на АВМУ за периодот јануари-мај 2022, ,,Супер радио,, број еден медиум во регионот

Со просечен дневен досег од 5,88% и неделен од 13,24% , Супер радио и во периодот јануари-мај 2022 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во периодот јануари-мај 2022 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија.

Супер радио годинава влегува во 30. година од постоењето и останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

 

Охридпресс