Денес на „Преспа форумот“ во Охрид остварив средба со европратеникот Kjучук од политичката група „Обнова на Европа“ и известител на Европскиот парламент за Северна Македонија ,со посебно задоволство на Неговата екселенција му подарив книга за Египканите („Балкански Етнички Феникс од Проф. Др Рубун Земон. )
Оваа книга ја подарив на амбасадорот со цел да може да се запознае подобро со фактите за постоењето на Египќаните на Балканот и во Македонија, со цел да добие попрецизна претстава за фактите околу нашето постоење и да се афирмира нашето постоење при евентуално отворање на Уставот на државата и додавање на другите помали заедници во неговата преамбула, напиша на својот ФБ профил советникот Арбен Демироски.