АктуелноОхрид

ЈП Водовод со апел да не се злоупотребува водата за наводнување земјоделски насади

Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење во С.Лакочереј
, што не е последица од настанат дефект на водоводната мрежа или други
активности на терен , ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници
посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски
површини, да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за
наводнување на земјоделските насади.

Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои
регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието,
како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП ВОДОВОД Охрид
спроведува акции за исклучување на диви приклучоци.

Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член
23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор
на општината  (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за
сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрената прекршочна
постапка за сторено кривично дело.

ЈП ВОДОВОД Охрид, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува
директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на
водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината, апелираат од ЈП Водовод Охрид.