АктуелноОхрид

Спасовски за грабежот во магацинот во Охрид: Воопшто не станува збор за кражба на оружје

-Кражби се случуваат насекаде, престапници и криминалци постојат насекаде, но важно е државата да има вистински одговор и оние коишто направиле кривични дела да се изведат пред лицето на правдата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За грабежот во полицискиот магацин во Охрид, Спасовски вели дека се работи за шпекулации.

-Прво, ова е прирачен полициски магацин, второ не е украдено оружје и мислам дека такви шпекулации коишто сакаат да ги употребат за дневнополитички цели не користат никому. Значи, ова е прирачен магацин којшто имаше одземени предмети коишто биле таму складирани и дел хемиски средства коишто го користел СВР Охрид. Така што воопшто не станува збор за кражба на оружје, а секако дека сите истражни дејствија се насочени кон откривање на сторителите.