АктуелноОхрид

(ФОТО) Велигден прославен и од најмладите во Враништа со посебна уметничка програма

Денешниот најголем христијански празник Велигден беше посебно одбележан од најмладите парохјани во Враништа, кои подготвуваа посебна Велигденска програма.

Централниот настан се одбележа пред црквата посветена на Св. Никола во Враништа каде по отслужената Богослужба, младите ја претставија својата уметничка програма, исполнувајќи црковни Велигденски песни. Дополнително кон целосната атмосфера беше и носијата во која беа облечени , сегмент кој претставува посебност кон продолжување на традицијата и пренесување на новите генерации.

-Голема благодарност до најмладите парохијани кои со својот настап ни го разубавија овој убав ден Велигден, истакнуваат од црковниот одбор.