АктуелноОхрид

Фекални бактерии како ендемски видови во Охридското Езеро

Плажите на Охридското Езеро кои најчесто се посетени во летната сезона се загадени со високи нивоа на бактерии од човечки и животински измет и урина, според Хидробиолошкиот завод во Охрид. Фекалии и отпад се влеваат во езерото од канализации, септички јами, полски клозети, фарми и депонии

Иако живеат на самиот брег на Охридското Езеро, жителите од населбата Грашница патуваат по неколку километри кога сакаат да уживаат на плажа.

Сината боја на езерото таму често добива нијанси на сиво и кафено, заматена од отпадните води испуштени низ цевките за канализација кои завршуваат на самиот брег. Неизбежен е и мирисот на фекалии создаден од исфрлените бактерии во човековото дебело црево кои помагаат во разградувањето на храната.

Жители на Грашница велат дека состојбата со водите на езрото кај нивната населба е ваква повеќе од 20 години.

„Оваа цевка што ја гледате е канализација. Поради малиот капацитет на цевката, цело ова ѓубре се исфрлаше низ шахта на улица. На 50 метри понатака, има уште една канализација која тече во езерото“, вели тие.

Анализите покажуваат дека на плажите на најсторото природно езеро во Европа се влеваат бактерии од човечки и животински измет и урина од отпадните води кои истекуваат од канализациите и септичките јами, како и од сточните фарми и пасиштата.

Кај Грашница се случува да растат домати, пипер и лубеници од семки од човечки измет коишто низ канализацијата стигнале во езерото, а потоа езерските бранови ги вратиле назад на плажите по што никнал зеленчук, според сведочењето на жителите.

Високо ниво на фекално загадување исто така има и на другите плажи кои најчесто се посетени од туристи, како Трпејца, Куба Либре, Лабино, Мизо, Струга и Елен Камен. Освен фекално, на овие плажи има и органско загадување категоризирано како умерено од втора класа.

Охрид е едно од главните турисктичи места во Македонија, но и регион кој е под заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.

Фекалиите во водите на плажите на Охридското Езеро особено се присутни во месец август, за време на летната туристичка сезона.

 

 

Радио Слободна Европа