АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Спасовски: МВР има сознанија кој го извршил грабежот во полициски магацин во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека имаат сознанија кој го извршил грабежот во полицискиот магацин во Охрид.

Во магацинот на полицијата во Охрид не е украдено оружје и такви шпекулации кои сакаат да се употребат за дневно политички цели не ни користат на никој, вели во интервју за Радио Слободна Европа кое целосно ќе се емитува в недела, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според него, станува збор за помошен магацин и биле одземени предмети кои биле складирани во него и хемиски средства кои што ги користел СВР Охрид и преземени се истражни дејствија за откривање на сторителите.

– Да, имаме сознанија и тие сознанија ги проверуваат и ги документираат колегите со цел да можеме да излеземе со кривична пријава, вели министерот Спасовски на прашањето дали имаат сознанија кој го извршил грабежот.

Портпаролот на СВР, Охрид Стефан Димоски на 16 април информираше дека дека биле украдени солзавци, шок бомби и други предмети.

– Во СВР Охрид е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, изјави Димоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Спасовски и тврдат дека се случила кражба на оружје, муниција и бомби од депото на МВР во Охрид.

 

Радио Слободна Европа