АктуелноОхрид

Тренерите од Охрид на Таеквон-до клубот „Ге Бек“ – Ресен со три златни и едно сребро на „Србија Опен 2025“

Таеквон-до ИТФ клубот „Ге Бек“ – Ресен викендов постигна извонреден успех на меѓународниот А-класа турнир „Србија Опен 2025“, одржан во Нови Сад. На овој престижен натпревар, во конкуренција на над 400 натпреварувачи од осум држави, клубот освои вкупно седум медали – три златни, едно сребро и три бронзени од различни дисциплини.

Успех на тренерскиот тим Особено впечатлив настап имаа тренерите од клубот, браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ, кои доминираа во своите категории.

Божидар Димитриевиќ освои две златни медали: • 🥇 1 место – борби, Сениори -92 кг (18–34 години) • 🥇 1 место – борби, Сениори +92 кг (18–34 години)

Владимир Димитриевиќ се враќа со злато и сребро: • 🥇 1 место – борби, Сениори -85 кг (18–34 години) • 🥈 2 место – борби, Сениори -78 кг (18–34 години) 🥉

Одлични резултати и за младите натпреварувачи Успешни настапи имаа и членовите на клубот, кои во јуниорската конкуренција освоија три бронзени медали.

Михаил Гошевски • 🥉 3 место – форми (борба со замислен противник), Јуниори, жолт појас (14–15 години) Медина Мусиќ • 🥉 3 место – форми, Јуниори, жолт појас (14–15 години) • 🥉 3 место – борби, Јуниори -60 кг (14–15 години)

Борбени настапи без медал, но со голем потенцијал Членовите Димитар Андоновски и Марија Тунтеска исто така прикажаа борбен и мотивиран настап, но овој пат не успеаја да стигнат до медал.

Од клубот истакнуваат дека нивната форма и посветеност се охрабрувачки и дека следуваат нови шанси за успех. Клубот „Ге Бек“ – Ресен со овие резултати уште еднаш го потврди својот квалитет и континуираниот напредок, а меѓународниот успeх во Нови Сад е силен мотив за претстојните натпревари.