ЏК „Дрим“ – Струга со шест медали на меѓународниот новогодишен џудо турнир во Целје, Словенија
Џудо клубот „Дрим“ Струга забележа исклучително успешен настап на силниот меѓународен турнир во Целје, Словенија, каде што младите натпреварувачи прикажаа врвно џудо и освоија вкупно шест медали.
Амар Бајрамоски – злато 
Елеонора Јосифоска – злато 
Доријан Петковски – сребро 
Енил Ајдиноски– сребро
Мила Стојмиловска – бронза
Давид Спироски – бронза
Одличен настап забележа и Мунир Ајдиноски кој и покрај добрата форма но остана без медал, и покрај тоа што покажа висок натпреварувачки дух.
Клубот упатува посебна благодарност до
г-дин Субија Тајроски, македонски бизнисмен кој живее и работи во Словенија, за неговата континуирана и несебична поддршка кон младите спортисти од Струга. Човек кој долги години го помага спортот но и на секој кој навистина му е потребно 


ЏК „Дрим“ продолжува да ја афирмира Струга и Македонија на меѓународната спортска сцена.












