Граѓаните и сите ние ги чуствуваме последиците од она што ни се случува на глобално ниво. Владата предводена од СДСМ на МК во духот на вредностите на развивање на плуралистичко и солидарно општество кое го подобрува квалитетот на животот на работниците и ранливите групи и општеството во целина спроведува успешни економски политики кои даваат реални и видливи резултати. Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително, дури и во глобална економска и енергетска криза. Просечната плата во јануари 2022 година изнесува 29.980 денари. На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања — просечна плата од 30.000 денари. Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните, истакна Претседателката ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Минималната плата веќе ja покачивме на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари.
Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повеќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.
Повисоки плати ќе добиваат и работниците кои досега земале плати по 16.000 и 17.000 денари.
Ова се реални, видливи податоци кои ja потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
Во време на најголема економска и енергетска криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за заштитна на економскиот стандард на граѓаните. Покрај покачувањето на платите и пензиите, пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите.
Ние не ветуваме, ние реализираме.
Продолжуваме уште попосветено да работиме за да го подобриме животниот стандартд на граѓаните. СДСМ останува и понатаму на трасираниот пат кон подобра иднина за сите.