МакедонијаНаш изборНаш Избор

Макпетрол: Компанијата ќе продолжи да работи без застој и рестрикции

Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба.

Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат.

 

„Макпетрол“, сепак, потсетува дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината, се вели во соопштението од Макпетрол.

 

Макпетрол