АктуелноОхрид

(ФОТО) Се излеа нафта во каналот Студенчишта

Повторно се излеа нафта во каналот Студенчишта кој се влева во Охридското Езеро. Минувачите реагираат дека се шири мирис од излеаната нафта.

Низ каналот Студенчишта во Охридско Езеро се слева вода од изворите „Бејбунар“ и од изворите на „Хидробиолошки Институт“.

Ова не е прв пат да се случи ваков инцидент. Граѓаните и сопствениците на пловни објекти кои се каналот бараат надлежните во најбрз рок да излезат на терен и да се испита причината за овој еколошки инцидент.

 

фото: Ohrid 24