АктуелноОхрид

Лишена од слобода 27-годишна жена од с. Октиси која физички нападнала друга жена, пред полицијата кажала дека користела марихуана

На 28.10.2026 во 18:45 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга ја лишија од слобода  лице на (27), постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала  лице на (46) од истото село.

 

Таа на полициските службеници им кажала дека користела марихуана и им ја покажала заедно со една метална дробилка, кои ѝ биле одземени.

 

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветни пријави.