АктуелноОхрид

(ФОТО) Две бандери на средина од улица во Долно Лакочереј, Црковниот одбор со јавно барање до ЕВН да ги дислоцира

Повторно упатуваме јавно барање до ЕВН Македонија, да изврши дислокација на двете бандери кои буквално се наоѓаат на средина од улицата, веднаш спроти црквата Света Недела во Долно Лакочереј и истите претставуваат опасност за одвивање на сообрајќајот, велат од Црковниот одбор при Храм Света Недела, Долно Лакочереј.

„Точно дека пред 20 и повеќе години, истите се наоѓале покрај патот, меѓутоа при проширување на улицата во тоа време, не се преместени. Сведоци сме на чести оштетувања на возилата, посебно во време на празници кога интензитетот на сообрајќај е поголем, и иако сме реагирале досега не се превзеле никакви мерки. Исто така бараме до ЕВН Македонија да изврши промена на двете бандери кои се наоѓаат во гробиштата и се во многу лоша состоја, односно истите се дотраени и скапани со што има можност да ги оштетат спомениците, а и претставуваат опасност за луѓето кои се движат тука. Неодговорно е ЕВН да бара големи финансиски средства за нешто што е нивна обврска. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање“, велат од  Црковниот одбор при Храм Света Недела, Долно Лакочереј.