СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Црвена застава“ калибар7.65 милиметри и 25 куршуми од различен калибар.












