Денеска со почеток во 13 часот по средноевропско време е закажано Свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Церемонијата на отворањето на Олимписките игри кои ќе траат до 20 февруари ќе се одржи на стадионот „Птичјо гнездо“, истото место каде што започнаа Игрите во Пекинг во 2008 година, со што кинескиот главен град е првиот град кој бил домаќин и на летните и на зимските игри. Ќе се натпреваруваат скоро 3.000 спортисти од приближно 90 земји и региони. „Почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг ќе го одврати вниманието од критиките за човековите права, што Кина ги отфрла“, изјави Жао Веидонг, портпарол на организацискиот комитет за Ројтерс во пресрет на церемонијата на отворање
Неколку земји, вклучително и Соединетите Американски Држави и Велика Британија, најавија дипломатски бојкот на Игрите поради оценките за правата во Кина, вклучително и нејзиниот третман кон претежно муслиманските Ујгури во регионот Ксинџијанг, што САД го сметаат за геноцид. „Сакам да нагласам дека Олимпијадата е голем спектакл за спортистите и љубителите на спортот ширум светот. Од сегашната ситуација, многу земји и спортисти ја изразија својата поддршка за Зимските олимписки игри во Пекинг“, рече тој. Организацијата на Игрите е слична на Олимпијадата во минатото лето во Токио поради пандемијата.
извор/фото: агенции