СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При преглед над него, извршен на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Дрогата е пронајдена и одземена.














