Германската државна институција задолжена за медиумите (МАББ) го забрани емитувањето на телевизискиот канал „Раша тудеј ДЕ“ во Германија поради немање лиценца, објави денеска „РИА новости“.
„Комисијата на 1 февруари официјално го забрани организирањето и емитувањето на програмата на ‘Раша тудеј ДЕ’ во Германија бидејќи нема потребна дозвола во согласност со законодавството за медиуми“, се вели во соопштението на МААБ.
Покрај сателитското емитување, регулаторот побара и да се прекине емитувањето на интернет и преку мобилните апликации.
извор/фото: агенции