По кратко боледување денеска во Охрид на 70 годишна возраст почина писателот Тоде Илиевски.
Роден е на 7 март 1952 година во охридското село Мраморец. Завршил Филолошки факултет во Скопје . Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.
Од неговата богата прозна и поетична ризница се издвојуваат делата:
- „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990)
- „Концерт за шумите“ (поезија, 1992)
- „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999)
- „Зелен блен“ (поезија, 2001)
- „8X8 by Tode Ilievski – 64 selected problems 1977 – 2002“ (шаховски проблеми, 2002)
- „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008)
- „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во коавторство со Виолета Мартиновска, 2008)
- „Липов чај“ (поезија за деца, 2009)
- „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011)
Добитник е на бројни награди и повелби: