сабота, ноември 23, 2024
News1.mk

Алфа: Матичните лекари најавуваат протести – добија казни наместо награди во ек на пандемија

Mатичните лекари се револтирани бидејќи Фондот за здравствено во време на пандемија наместо да ги награди, како во сите земји, им изготвува казни за административни, а не за лекарски грешки. Ординациите се казнувани од 15.000 до 60.000 денари, за како што велат ситни пропусти. Најавуаат протести, објави Алфа.

Државата не третира лошо, и ваков однос не паметиме одамна, вели во разговор за Алфа., претседателката на Здружението на приватни матични лекари доктор Лилија Чолакова Дервишова. Таа зборува во име на стотици матични лекари.

-На крајот ние ќе затвориме, па Фондот нека ги лекува пациентите. И онака имаат еден куп правилници кои се косат со Законот за здравствена заштита. Ако запреме ние матичните лекари пет дена со работа, ќе падне цел здравствен систем. Ни рецепти, ни Мој Термин. Револтот е огромен. Се чувствуваме понижени и непочитувани во здравствениот систем. Изгинавме на терен, анкетиравме, дење ноќе тешевме пациенти со панични состојби, за некои луѓе поставени од партии да немаат сенс за доктори во државата. Истите тие кога се болни го бараат најдобриот доктор, вели меѓу другото Чолакова Дервишова.

извор: Алфа.