АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Отворен мултикултурниот центар “Коста Србакоски” во Вевчани

Постојат личности кои со своето големо и несекојдневно дело, со својот надчовечки труд, лична храброст и напор, успеале да ги натфрлат вековите, засекогаш вгнездувајќи се во најсветлите анали на народната меморија!
Постојат и настани кои заради нивното далекусежно значење, претставуваат моќен сведок за славни херојски времиња кога народот цврсто обединет под знамето на доброто ги извојувал најголемите победи!
Таквите личности не се некакви имагинарни ликови што постојат само во книжевните дела или пак се особеност само на некои далечни историски периоди или пак само на некои други заедници, рече на денешното отворање на мултикултурниот центар “Коста Србакоски”, градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.
Станува збор за модерен мултифункционален објект со корисна површина од 1400 м2.
Во него се веќе опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.