петок, ноември 22, 2024
АктуелноНаш изборОхридСвет

(ВИДЕО) Нашиот Валентин Андон веќе го оствари „американскиот сон“

Брендот „Активити“ ( activitea.shop ) кој во САД го основа македонецот Валентин Андон брзо го освојува пазарот на Америка, а од денес рекламите за онлајн продавницата на „Активити“ заедно со најпознатите брендови во светот се вртат на видео екраните на прочуениот „Тајм Сквер“ во Њујорк.

Валентин Андон заедно со неговиот вујко во Чикаго ја основаа онлајн продавницата за чај https://activitea.shop/  и почнаа во Америка да увезуваат планински чај и мед од Мала Преспа во Албанија.

Брендот брзо се проби во Америка и Канада, продажбата оди исклучиво онлајн, а компанијата веќе има направено три увози на чај од Мала Преспа – Албанија во Америка.

Валентин Андон е Македонец, роден во Корча, средно образование заврши во Охрид, а во моментов студира бизнис и менаџмент во Чикаго.

„Чајот во Мала Преспа е како што е тутунот во Прилеп. И приликите со чајот се исти како со тутунот. Многу лаги, многу празни ветувања, ниски откупни цени, па се случува чајот да остани не продаден и луѓето да не си ја исплатат работата. Некои доаѓаа овде во Охрид и Струга да го продаваат. Но новите модерни времиња донесоа нови можности. Јас планирам нашата фирма да го откупи целиот чај од Мала Преспа и да го продаваме во Америка“ – кажа Валентин Андон во интервју за „Гласот на Америка“ минатото лето.

КАМПАЊИТЕ СЕ ЕМИТУВААТ ВО АМЕРИКА НО СЕ ИЗРАБОТУВААТ ВО ОХРИД

Сајтот activitea.shop и кампањите кои се прават на интернет , а од сега преминуваат и на екраните на „Тајмс Сквер“ се изработуваат во Охрид. Креатор на кампањата е Георги Андон, кој е одговорен за ИТ сектор на порталите во компанијата OneMedia.mk и го менаџира маркетингот на нашата компанија на социјалните мрежи.