АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Затекнати 18 возачи под дејство на алкохол

На 08/09.01.2022 година од 22,00 до 03,00 часот, на подрачјето на СВР Охрид беа реализирани засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници, затекнаа 18 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-12, Струга-02, Кичево-03, Дебар-01) Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.