петок, ноември 22, 2024
Наш ИзборНаш изборСвет

Во Хрватска над 9.000 заразени

Во изминатите 24 часа во Хрватска од корона вирус починале 33 лица, а регистрирани се 9.058 заразени од 19.975 тестирања, соопшти денеска Штабот за цивилна заштита.

Во Хрватска се активни 39.853 случаи на корона, од кои 1.824 се на болничко лекување, а од нив 244 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска 745.544 лица се заразиле со корона вирус, 12.764 лица починале, а оздравеле 692.927 пациенти.

Заклучно со среда потрошени се 4.791.665 дози на вакцини, а вакцинирано е 55,82 отсто од вкупното население, односно 66,49 отсто од возрасното население.

 

извор/фото: агенции