АктуелноНаш изборОхрид

Пецаков: Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено да ги победиме сите искушенија и зла

Драги христијани со православна вероисповед и почитувано свештенство на Mакедонската Православна Црква, ви го честитам најголемиот и најрадосниот празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог, вели во Божиќната честитка Градоначалникот Кирил Пецаков. Во истата градоначалникот додава:

Во добро здравје со чиста мисла и ведар дух започнете го празнувањето со кое се величаат духовните и морални вредности кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови онака како што налага традицијата мирно и радосно во кругот на семејството со најмилите. Сакајте се и не правете лошо зошто со своите постапки ќе ги потврдите најголемите вредности на Божиќ- надеж , вера и победа на доброто.
Сите ние во духот на божиќните празнувања треба да ги прифатиме различностите во мислењето како придонес во барањето решение, а не како проблем. Зошто Божиќ е празник кој упатува на толеранција меѓу луѓето.
Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено да ги победиме сите искушенија и зла. Бог нека ни подари верба заеднички да создадеме услови за подобар и посреќен живот за нас и нашите деца. Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба.
Уште еднаш на сите православни христијани им го честитам големиот верски празник Божиќ. Христос се роди! – Вистина се роди!