Националниот телевизиски сервис МРТ во вечерашниот централен ДНЕВНИК 2 , непосредно пред временската прогноза, емитуваше репортажа за Билјанините извори во Охрид, во која ниту една секунда не беа прикажани Билјанините извори!
Наместо нив, на македонската јавност ѝ беа прикажани извори на Црн Дрим кај Свети Наум, две сосема различни локации.
Дополнително, кадрите од дрон оставаат впечаток дека се преземени од интернет-платформи кои нудат бесплатни видеоматеријали, а не дека се снимени од екипа на Македонската телевизија.
Во репортажата се измешани летни и зимски кадри, иако во моментов сме во есен.
Останува уште прашањето дали барем текстот го напишале новинарите на МРТ или и за тоа бил ангажиран ChatGPT?
Целосно промашена репортажа, која отвора сериозни прашања за професионалноста, уредувачката контрола и начинот на кој функционира националниот телевизиски сервис.
Зарем е толку тешко националната телевизија да испрати екипа и да ги сними Билјанините извори во Охрид?
View this post on Instagram


















