На 90-годишна возраст, во Охрид почина Миле Трпеновски, истакнат хуманист, долгогодишен секретар и доаен на Црвен крст Охрид, Црвен крст на Македонија и меѓународното хуманитарно движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Со својата долгогодишна посветеност на хуманоста, солидарноста и помошта на луѓето, Трпеновски остави длабока трага во охридската заедница и беше инспирација за бројни генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст.
Неговиот хуман однос кон луѓето, високите морални вредности и посветеноста кон семејството претставуваат пример за градење позитивни и човечни односи во општеството.
Трпеновски зад себе остави и значајно пишано наследство посветено на хуманоста, особено преку неговото дело „Впечатоци за хуманоста“.
Со неговото заминување, Охрид загуби голем хуманист и човек кој значаен дел од својот живот го посвети на благородната мисија на Црвениот крст.
Погребот и поменот за Миле Трпеновски ќе се одржат утре, 26 ноември 2026 година, во 12 часот, на градските гробишта во Охрид.
Вечна му слава!


















