АктуелноОхрид

Охриѓанец вперил воздушна пушка кон неколку лица кои физички го нападнале неговиот малолетен син

На 27.08.2026 во 22:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода е лишен лице на (47) од Охрид, по претходна пријава во СВР Охрид дека тој вперил воздушна пушка кон неколку лица, меѓу нив и едно со пиштол, кои на булеварот физички го нападнале неговиот малолетен син.

 

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.