АктуелноОхрид

Приведено лице од с. Лабуништа, кај него пронајдена бела прашкаста материја

На 27.08.2026 во 21:35 часот во струшкото село Враништа, приведен е лице на (34)  од с. Лабуништа.

 

Полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го затекнале Е.Р. во паркирано возило „форд“ со словенечки национални ознаки и притоа пронашле  предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

 

По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.