Видео

Струшка “Туристичка“ станува булевар

Интензивно течат градежни работи  на улицата „Туристичка“ во Струга. Градежна механизација и работници работат на проширување на улицата која треба да добие четири коловозни ленти и со тоа да стане најширок стуршки булевар.

Според проектот е предвиено улицата да се протега од кружниот тек кај хотелот „Еуротел“ и да завшрува на крстосницата кај ОВР Струга,  да добие ново осветлување и на неа ќе има нова подземна инфраструктура. Работите на новиот булевар се засилија во тековниот месец декември и според тоа што се гледа на терен веројатно Струга новата туристичка сезона во 2026 ќе ја дочека со двојно пофункционална инфраструктура.