АктуелноОхрид

Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ наменета за децата од социјално загрозените семејства. Во соработка со OHRIDMALL, во просторот на молот кај големата Новогодишна елка, волонтерите на Црвен крст Охрид во посебен сад ќе постават волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни
лампиони и да ја исполни новогодишната желба напишана во него со обезбедување на подарокот.
Подарокот (новогодишната желба) може да се остави во Виафарм аптеката во Ohridmall или да се донесе во просториите на Црвен крст Охрид (ул. Димитар Влахов 52)

Акцијата трае од 11 до 22 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на
предновогодишна забава организирана на 25 декември (четврток), во Ohridmall.
Во РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста, солидарноста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик.

Бидете хумани, дарувајте и израдувајте!
Ве очекуваме со волшебни лампиони кај Новогодишната елка во Ohridmall.