сабота, ноември 16, 2024
Република

Силјановска Давкова: Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади

Шокантно е да чуете од врвни дипломати, инаку заборавени и неконсултирани, дека во моментов имаме 17 непополнети амбасади! Дека дури деветмина заминале за амбасадори без да го поминат законскиот тест пред Комисијата за надворешна политка, истакна денеска кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Таа дополни дека амбасадите не се пополнети заради партиските несогласувања.

-Значи имате амбасадори од кариера кои може да ги пратите каде сакате. Ама, имате обврска да ги пратите оние со кои претседателот на минатите претседателски избори, а веројатно и на овие, се договарал дека ќе дојдат на позиции. Позиции што иако не се заслужени, во договорите треба да ги добијат коалиционите партнери. Затоа ако дипломaтијата е наше огледало, оние однадвор не гледаат убава слика! Нашата слика, е за жал нивната слика! Сетете се кој не претставува.

Нам ни треба владеење на право и правна држава! Нам ни требаат слободи и права! Нам ни треба независно судство! Нам ни треба добро образование, а не само многу образовни институции кои произведуваат дипломи, но не и знаење! Нам ни треба социјална држава! Нам ни треба пристојно европско место за живеење!

Бидете убедени дека ние сме тие кои на дело покажуваат дека сме европјани! Тие мислат дека ЕУ е реторика. Но, не е, нагласи Силјановска Давкова.