Необичен настан се случил во Кочани кога во дворот на таткото на С.Т. влетало југо и се удрило во полна маса со луѓе. Веднаш по ударот семејствата на возачот и на тие удрените се истепале меѓусебно при што имало повредени.
„На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко.
Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“.