Свет

(ВИДЕО) Се степаа патниците на лет кон Турција, пилотот итно го слетал авионот во Белград

Летот на SunExpress, од Манчестер до Даламан, Турција, полетал нешто пред 19:30 часот. Меѓутоа, за време на патувањето, патник станал агресивен, па кабинскиот екипаж донел одлука авионот да се пренасочи кон Белград, оддалечен 1.127 километри од Даламан, што предизвикало одложување на патувањето од 2 часа.

Портпаролот на SunExpress рече: „Нашиот лет KSK505, кој требаше да полета од Манчестер до Даламан на 9 април, мораше да се пренасочи кон Белград поради непослушен патник.

„По пристигнувањето, патникот беше изваден од авионот од локалната полиција, а авионот продолжи кон Даламан откако го симна патникот. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е највисок приоритет за SunExpress.“

извор: Канал 5