На 08.04.2024 во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ настанал пожар во стан сопственост на М.С.(44) од Скопје.
Од пожарот со повреди се здобила сопственичката, констатирани во ЈЗУ„Јане Сандански“.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.