недела, ноември 24, 2024
Република

Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор на ЦСР Радовиш зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп?

Бесрамно, СДС го враќа на работа директорот на меѓуопштински ЦСР Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога, за неколку дена потоа пијан да нападне полицајци среде полициска станица!

Без никаков срам Јована Тренчевска, таа што бара гласови во ИЕ4, бара, а СДС и ДУИ го укинаа разрешувањето на Филев од Центарот во Радовиш заради билдањето на неговото полициско досие, кое е во судир со функцијата директор на ваков центар,истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесваме прес конфренцијата во целост:

Внимавајте, човек фатен во трговија со дрога и човек насилник, алкохолизиран напаѓа полицајци, наместо да е корисник на услуги на ЦСР, заради неговото поведение, СДС и Тренчевска го враќаат како директор!?

Овој човек, кој во 20 дена годинава неколкукратно има регистриран судир со законот заради наркотици, алкохол и насилство, сам по себе е опасност за штитениците на ЦСР, а не пак да директорува со институцијата која треба да помогне токму и на вакви лица, и на лица жртви на такви како него.

Оттука зошто Филев е вратен од владата на СДС/ДУИ? Која е неговата вистинска улога во изборниот процес? Филев е виден член на СДС и близок со Јована Тренчевска и поставен за директор од неа. Дали Филев и е потребен на Тренчевска за да одработи за изборите каде што таа е кандидат?

Дали Филев е вратен за директор затоа што и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп?

Дали на Тренчевска и е побитен можниот поткуп, влијание, убедувања, корупција на социјално загрозени, отколку благосостојбата на штитениците на ЦСР? Дали на Јована Тренчевска поважен и е глас повеќе па и по цена на загрозено здравје на оние несреќници и деца во Центарот жртви на зависници од дрога и алкохол како Филев?

Одлука на влада да се врати на позиција со дебело полициско досие на агресивен наркодилер, кај кого е најдена дрога, и алкохоличар којшто пијан напаѓа полицајци, да се врати за директор на меѓуопштински ЦСР е сржта на антиевропското и коруптивното во оваа власт!

Почитувани,

Ова е скандалозно и недозволиво.

Промените се во твои раце, Македонија повторно твоја!

Извор: ВМРО ДПМНЕ