Наш изборНаш ИзборРепублика

Силјановска-Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила

Кандитатката за претседателка на државата, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција, за кршење на изборните правила.

Приговорот се однесува на тековното полагање на 299 луѓе на академијата за судии и јавни обвинители, со образложение дека, според закон, статусот слушател на академија значи заснован работен однос со академијата за периодот од почетната обука до избор за судија или за јавен обвинител. Тековното полагање, според Силјановска-Давкова, е незаконско вработување во предизборие.