Македонија

Малолетници нападнале врсници во ГТЦ

Во Градскиот трговски центар синоќа околу 22 часот, неколку малолетници физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, еден од напаѓачите имал и остар предмет, но не го употребил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.