АктуелноОхрид

Пецаков: Завршија градежните активности за реконструкција на улица во Долно Лакочереј – Крак 2

Подобрена патна инфраструктура и полесно секојдневно движење за жителите на Долно Лакочереј. Завршија градежните работи за реконструкција на улицата „Крак 2“ во ова населено место, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Со реализацијата на проектот се унапредуваат условите за сообраќај и пристапност, а жителите добиваат подобра инфраструктура за секојдневните потреби.

Како што информира Пецаков, реконструкцијата е реализирана во рамки на Вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.

Од локалната самоуправа најавуваат продолжување на инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Општина Охрид.