Според последните извештаи, речиси 5.000 луѓе се евакуирани од Оренбуш, а повеќе од 2.500 станбени згради се поплавени.
Во рускиот град Орск, да потсетиме, пукна браната што го штитеше градот од реката Урал.
Како што изјави за новинарите градоначалникот на Орск, Василиј Кожупица, една од пукнатините на браната е санирана.
Колку што знам, вчера се зборуваше за пукање на две брани. Еден пробив кон Паркот на градежници. Тој е во подобра ситуација. Успеавме да ја запреме реката. Таму моментално се врши одводнување и зајакнување на браната. Но, овде, конкретно во Стариот град, тешко е да се предвиди развојот на ситуацијата“, рече тој.
Mms.mk