Наш ИзборНаш изборРепублика

Сајкоски: Вчерашниот митинг покажува дека граѓаните се нашата сила, Македонија ќе ја добие Силјановска Давкова за нов претседател

Вчера граѓаните на Македонија покажаа храброст, мудрост, единство и сила и покажаа дека Македонија се движи во вистинска насока.

Македонија ќе добие нов претседател и Македонија за многу брзо ќе има нова влада, истакна Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Денеска сме тука во Кичево во рамки на ТИРЗ зоната за да укажам на една од лажните ветувања на оваа власт во која што учествуваше и претседателот на државата, а за регионот ветија нешто што еве до денес не е исполнето.

На почетокот на 2024 година требаше да се изгради фабрика во која што ќе вработуваше 600 луѓе, меѓутоа до денеска гледаме дека во рамките на ТИРЗ зоната останата е старата фабрика КСС која што има 1500 вработени.

Затоа сакам да укажам дека треба да ги казниме за лажните ветувања. Треба да ги казниме за криминалот и корупцијата.

И треба да донесеме на Македонија нова надеж и посветла иднина.