АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков: Во тек се активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец, а тоа е спортска сала

Во рамки на основното училиште Ванчо Николески во Лескоец во тек се активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец, а тоа е спортска сала.
Денеска, извршив увид на текот на градежните активности, а согласно договорот со економскиот оператор очекуваме за околу 18 месеци да биде изграден овој значаен проект за жителите на Лескоец!
Овој проeкт години наназад беше ветуван но никогаш до сега не беше започната постапка за негова реализација.
На дело покажуваме дека подеднакво се грижиме за секој дел од територијата на Општина Охрид, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.