ВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Охриѓанецот Tarkan со одлична обработка на „Attention“ на Charlie Puth – „Каде ли згрешив“

36-годишниот охриѓанец Tarkan, кој живее и работи во Германија сними одлична обработка на песната „Attention“ на Charlie Puth, сега наречена „Каде ли згрешив“.

– Овој пат сум посебно возбуден и инспириран, пред се’ поради мојот нов живот, велам нов живот поради огромните промени што ги направив, а тоа подобро го знаат тие што ме познаваат. За новата песна и видео записот за прв пат соработував со охридскиот продуцент Вик Какаротцки, кој стои зад овај проект, вели Tarkan, кој најави и нова заедничка соработка.

Tarkan ја започна кариерата во „М2 потрага по нова ѕвезда“ каде стигна до полуфиналето во 2004 година. Настапи и на „Канео Фест“ во 2005 година со песната „Молитва“, по текст и музика на Бојан Трајчески и аранжман на Даниел Јовески. Во 2006 година тој ја сними песната „Ти ме излажа“, за чиј аранжман се погрижија Анатоли и Кречо од продукцијата „Кречосаунд“.

извор: ОхридПрес фото: архива