UncategorizedАктуелноОхрид

Матески: Бараме исплата на платите,но не помалку се значајни и другите барања кои досега не се воопшто реализирани

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во периодот од 08:00 до 10:00 часот и бараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие.

Протест утрово се одржа и пред Дирекцијата на охридската подружница, каде преставникот на Синдикатот на Македонска пошта Тони Матески, за Супер радио и OhridPress истакна дека станува збор за револт затоа што каснат платите.

– Надминат е законскиот рок за исплата од 15-ти во месецот. Денеска сме 18-ти, а ние немаме се’ уште земено плата. Тоа е основното барање, но не помалку се значајни и другите барања кои досега не се воопшто реализирани, а се договорени во спогодни што ги склучи менаџерскиот тим со синдикатите на пошта. Ова значи понатамошно продлабочување на кризата и доколку до овој момент имавме проблем со исплата, сега веќе во последно време имаме и проблем со вработени, односно немаме доволно вработени за извршување на технолошкиот процес. Како резултат на тоа имаме зголемување на администрацијата и намалување на вработените од технолошкиот процес, што дополнително ја отежнува работата, истакна Матески.

Тој додаде дека доколку не се исполнат барањата, можно е да се донесе одлука за штрајк, но за тоа дополнително ќе ја известат јавноста.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес