Наш ИзборНаш изборОхрид

Wizz Air ќе го намали за 48% сообраќајот со аеродромот во Охрид

Wizz Air за 1,4 милиони лица ќе го намали бројот на превезени патници на пазарот во поранешна Југославија, откако авиокомпанијата која нуди евтини летови приземји 20% од својата флота.

Истото дојде по спроведената инспекција која утврдила ретка аномалија пронајдена во металниот прав што се користи во производството на специфична компонента на моторот, пишува порталот Ex-Yu Aviation News.

Авиокомпанијата го намали бројот на летови во регионот во текот на летото, кое започнува на 31-ви март и трае до 26-ти октомври, за 22,3 отсто во однос на првичниот план, додека капацитетот е намален за 31,5 отсто.

Скопје, како најголема база на Wizz Air во регионот, летово ќе има намалување на вкупниот капацитет за 25,3 отсто во однос на првичниот план. Намалувањата на Wizz Air доведоа до тоа македонскиот пазар да ја загуби позицијата на втор најбрзо растечки пазар во Европа оваа година. Кратења ќе има и во Охрид, кој ќе изгуби 48,3 отсто од капацитетот на Wizz Air.

 

Ex-Yu Aviation News