сабота, ноември 16, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Државно традиционално Таеквон-до (ИТФ) Првенство на Македонија

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација , на 16 март 2024 година органзира државно првенство Традиционално Таеквон-до (ИТФ) првенство на Македонија во форми и борби, во С.Р.Ц “Билјанини извори” , мала сала, со почеток во 11: 00 часот.


Честа да организира му е доделена на најстариот клуб во Македонија, Таеквон-до клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој го органзираше и минатогодишното првенство.
Ова е официјално второ државно првенство на Македонија , иако како спорт постоиме 32 години, благодарение на Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој во изминативе десет години ни го трасира патот до успехот, како што ви е познато изминатава година имавме врвни историски успеси во Македонскиот спорт, Христијана Парулеска стана Европска шампионка , доби пехар за надобра кадетка во Еврпопа, што е прв пехар во Македонија во индивиуалните спортови, истотака беше бронзен медалист од Светско првенство, најмлада добитничка на Св.” Климентова награда” во Охрид, и спортист на годината за 2023 година во Општина Охрид, истотака благодарност до општината Охрид која го признава нашиот успех и го подржува нашиот спорт, и благодарност до Агенцијата за млади и спорт која го призна нашиот спорт и ни даде прилика да сме рамо до рамо со сите спортови во Македонија а воедно и не подржува , за да можеме гордо да ја претставуваме нашата држава.


На државното првенството можат да натпреваруваат сите регистрирани натпреварувачи на М.Т.Т.Ф, кои ги имаат исполнето сите критериуми, пристапница во матичниот клуб, договор со матичниот клуб, сертификати за пложени појаси во М.Т.Т.Ф, лекарски прегледи од официјален спортски доктор, сите над 14 години со антидопинг сертификат WADA. Клубовите се должни до 12:00 часот до 14.03 2024 година да ги достават сите документи за своите натпреварувачи до Генералниот секретар на М.Т.Т.Ф, после тоа нема да има толеранција за никого, се прават ждрепките и најдобрите нека победат, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски.