Oд денес и официјално Телекабел стана сопственик на кабескиот оператор Инфел од Охрид. Инфел е меѓу првите кабелски оператори во државата и во изминатите 25 години успешно се развиваше на територијата на Охрид и околните населби.
Среќни сме што со оваа купопродажба Телекабел ќе добие нови корисници, ќе ги задржи сите вработени на Инфел и заедно со нив во иднина ќе работиме на подобрување на услугите и побрзо поставување на оптички кабел до секој корисник.
Пред 3 години Телекабел ги купи кабелските мрежи во Пробиштип и Злетово, а од тогаш до сега направена е модернизација на мрежата, поставен е оптички кабел и приклучени се многу нови корисници.
Целта на Телекабел е побрза замена на коаксијалната мрежа со оптичка во сите градови каде што Телекабел работи, со што имаме намера за кратко време да станеме првиот оператор кој ќе работи комплетно со сопствена оптичка мрежа до краен корисник.
Со тоа не само што корисниците добиваат брз и стабилен интернет преку најсовремениот начин на поврзување, туку интервенциите и проблемите во мрежа се минимални и не зависат од надворешните и временските услови.
Телекабел е единствената компанија која 27 години работи без обврзувачки договор. Нашата политика е дека секој корисник треба да има избор, а операторот е должен со квалитетна услуга да го задржи – без пенали, уцени и обврзувачки договори. Благодарни сме што нашите корисници го препознаа нашиот труд, фер однос према нив и нашата заложба за неограничени можности и слобода, и со години се наши лојални корисници.
Ќе продолжиме и понатаму да бидеме во чекор со новата технологија и да работиме на развој и одржување на компанијата која 27 години бележи контунуиран раст на Македонскиот пазар.
27 години Македонски Бренд – Телекебал